ФЕНОМЕНАЛЕН УСПЕХ на Андрес Трајковски: ФИНАЛЕ во скок во далечина на Европското првенство! (ВИДЕО)

Единствениот македонски претставник на Европското атлетско првенство во сала, Андреас Трајковски забележа извонреден успех со пласман во финалето во скок во далечина на собирот на најдобрите атлетичари на Стариот континент кој се одржува во Апелдорн, Холандија.

Во денешните квалификации, Трајковски со скок од 7,85 метри заврши на 7. место, и се избори меѓу осумте најдобри во Европа во оваа дисциплина кои ќе се најдат во утрешното финале. Беше пријавен со 13-ти резултат во оваа дисциплина, но успеа да се најде меѓу најдобрите осум!

Ова е беспрекорен резултат за Трајковски и македонската атлетика која првпат во историјата има свој претставник во финална дисциплина на Европско првенство!

Во конкуренција на вкупно 17 скокачи во далечина кои се појавија во квалификациите, Трајковски скокот од 7,85 метри, што е негов најдобар резултат сезонава, го имаше во последната трета серија. Претходно имаше скокови 7,51 и 7,77 метри во првите две серии. Најдобар во квалификациите беше Португалецот Гелсон Барде со скок од 8,11 метри.


Финалето во скок во далечина на Европското првенство е утре (петок) со почеток од 20:34 часот!

Се вчитува...