Повторно феноменална фудбалска атмосфера во Кавадарци. Уште еднаш Кавадарци покажа дека сезонава и тоа како живее за фудбалот. Незаборавен амбиент и на дербито на тиквешијата против Вардар Неготино во кој „црвените“ славеа со убедливи 4-0.
Амбиент во кој повторно уживаше и градоначалникот Митко Јанчев, без разлика и на малиот инцидент во финишот на првото полувреме кој апсолутно ниту најмалку не успеа да го расипе извонредниот генерален впечаток: „Ова е она што му недостасува на македонскиот фудбал, буквално во секоја фудбалска средина!“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА