Феноменална „бомба“ на Џака…, Леверкузен во 101. минута до победа во Менхенгладбах (ВИДЕО)

Баер Леверкузен по вистинска драма со победа на гостувањето против Борусија Менхенгладбах од 2-3 ја стартуваше одбраната на титулата во новата сезона од Бундеслигата.

„Фармацевтите“ до победата дојдоа со голот на Вирц, по претходно промашениот пенал, дури во 11. минута од судиското продолжение за конечни 2-3.

Претходно, Џака со феноменалната „бомба“ уште во 12. минута од средбата донесе предност од 0-1.

На 0-2 зголеми Вирц во 38. минута од средбата, а Елведи во второто полувреме успеа да намали на 1-2.

Во самиот финиш од средбата, со гол во 85. минута, Клајнденст успеа да израмни (2-2) за домашните, но кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник беше досуден пенал за Леверкузен кој го промаши најпрво Вирц но натрча на одбиената топка и стрелаше за три бода.

Се вчитува...