Младата македонска кошаркарска репрезентација за играчи до 18 години се пласираше во финалето на Европското првенство – Б дивизија кое се игра во Скопје, а со тоа обезбеди и место во најсилната А-дивизија од ЕП за следната година, откако во полуфиналната пресметка славеше убедлива победа против Бугарија од 68-92.
Македонските кошаркари безгрешно го одиграа натпреварот извонредно стартувајќи го со добиена прва четвртина од 20-26.
Во продолжението уште поубедлива игра на македонските кошаркари добивајќи го вториот период со 18-27, за предност на полувремето од 15 поени разлика (38-53).
Бугарите единствено ја добија третата четвртина со 24-16, но во последниот период вистинска лекција од избраниците на Андреевски кои сосема заслужено дојдоа до победата од 68-92.
Најдобар во македонскиот состав беше Марко Лукановски со 20 поени и 16 скока, Атанасиј Трајанов заврши со 17 поени и 11 скока, како и Никола Јаничиќ кој исто така постигна 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА