ФЕНОМЕНАЛНА МАКЕДОНИЈА: Украина може да биде среќна што на полувреме губи само 2-0 на „Тодор Проески“ (ВИДЕО)

Македонската репрезентација одигра феноменално прво полувреме против Украина во вториот натпревар од квалификациите за ЕП 2024, завршувајќи го со предност од 2-0 против фаворизираниот противник.

Уште од самиот почеток на дуелот со начинот на игра, активната доминација и постојаниот притисок кон голот преку обидите од далечина на Трајковски, Адеми и Несторовски беше јасно дека Македонија е цврсто решена на позитивен резултат против Украинците.

Па, тоталната доминација вроди со плод точно на половина час игра. Водство за Македонија донесе  Енис Барди во 31. минута од пенал, откако претходно во  сопствениот шеснаесетник со рака играше Микола Матвиенко.

Се вчитува...