Македонскоиот кошаркар Андреј Шошкиќ, одново блесна во САД, предводејќи го својот тим Стони Брук до триумф над Јужна Каролина од 81-80. Македонецот ги постигна последните два поени од слободни фрлања, за конечен триумф.
Шошкиќ мечот го заврши со 27 поени, што е најдобар учинок во кариерата. Имаше и шест асистенции, една блокада и една украдена топка.
Имаше неверојатен процент на шутеви за три поени пет од пет, потоа четири од петза два, и 4/4 од слободни фрлања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

