Феноменална партија на Дончиќ: Тројки, асистенции, блокади… (ВИДЕО)

Далас славеше со 93-104 на гостувањето против Шарлот во синоќешниот натпревар од НБА лигата, благодарение само на фантастичната партија на Лука Дончиќ.

Словенецот за 35 минути постигна 34 поени, дополнети и со 13 скока, девет асистенции и четири блокади. Од игра погоди 14 од 25 шута, а за три поени – 5/9.

За Дончиќ ова беше петти „дабл-дабл“ по ред и трет натпревар во последните пет во кој постигнал повеќе од 30 поени.

 

На останатите синоќешни дуели, Милвоки го победи Детроит со 110-101 со „трипл-дабл“ на Јанис кој постигна 22 поени, дополнети и со по десет скока и асистенции.

ЛА Лејкерс со 26 поени на Леброн Џејмс ја победија Оклахома, а ЛА Клиперс беа подобри од Њу Орлеанс со 111-106. Мемфис славеше на гостувањето против Минесота со 107-118, а Портланд против Сакраменто со 126-132.

Се вчитува...