Феноменална партија на Ти-Џеј Шортс, Париз го победи Монако

Феноменална партија на Американецот со македонски пасош, Ти-Џеј Шортс во петтото коло од Евролигата, во дресот на француски Париз.

Париз триумфираше со 70-79 на гостувањето против Монако благодарение само на македонскиот репрезентативец кој мечот го заврши со 28 постигнати поени, 10 асистенции и четири скока.

Ти-Џеј Шортс беше убедливо најдобар поединец на паркетот завршувајќи со „дабл-дабл“, а во својот тим единствено поддршка имаше од Американецот Ворд кој заврши со 15 поени.

Жалгирис, пак, триумфираше против Макаби Тел Авив со 78-63.

Се вчитува...