Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во финалето на ВТА Челинџерот вреден 75.000 долари во Куршумлијска бања, Србија, откако фуриозно славеше во полуфиналната пресметка против Кипарката Сербан.
Лина, која е 355-то рангирана на ВТА листата, во два сета, повеќе од убедливо со 6-2 и 6-2, ја совлада првата носителка на турнирот која е, пак, на 223. место на ВТА листата.
Македонската тенисерка за само нешто повеќе од еден час игра.
Во утрешното финале Лина Ѓорческа на турнирот во Србија ќе се соочи со домашната тенисерка Теодора Костовиќ која е на 321. место на ВТА листата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

