Феноменалната Линдзи Вон испиша историја

Линдзи Вон и на 41-годишна возраст продолжува да испишува историја во светското скијање откако Американката успеа да триумфира на спуст-трката во Сент Мориц.

Фановите во овој швајцарски ски-центар имаа можност да уживаат во маестралното возење на ски-легендата, за која ова е прв триумф по големиот камбек на патеките. Со тоа, Вон го урна рекордот за највозрасна победничка на една трка од Светскиот куп. Американката својата прва победа во кариерата ја забележа во 2006 година, а последната пред оваа денешната пред седум години.

Таа моментно има 83  победи во кариерата, бројка што сигурно ќе беше многу поголема ако не беа тешките повреди поради кои Линдзи мораше подолго време да мине надвор од скијачкиот свет.

Вон во голем стил ја осигура победата, со 98 стотинки подобро време од второпласираната Магдалена Егер, додека Мирјам Пухнер стигна до третото место со 1,16 секунди послабо време од победничката.

Се вчитува...