Македонија ќе има свој претставник на претстојниот фајналфор во Лигата на Шампионите во женска конкуренција откако Сара Ристовска со ЦСКА Москва направи вистински подвиг елиминирајќи го големиот фаворит ЧСМ Букурешт.
Романскиот првак имаше предност од 32-27 од првиот меч, но ЦСКА денеска одговори со иста мерка, славеше со 24-19, па рускиот состав поради повеќе постигнати голови на гостински терен се пласираше на Ф4.
Ристовска одигра феноменален натпревар постигнувајќи седум погодоци (повеќе од една четвртина од целиот тим на ЦСКА) со само едно промашување и заедно со Дмитриева (шест гола) беше најефикасна во редовите на рускиот клуб. Кај ЧСМ Букурешт единствена расположена за игра денеска беше Кристина Неагу со девет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА