Феноменални фотографии: Светски познатиот Давид Јероу фотографираше уникатни слики од дивината благодарејќи на новиот LAND ROVER DEFENDER

Светски познатиот уметнички фотограф, Давид Јероу, соработуваше со LAND ROVER во поддршка на Туск, која имаше за цел зголемување на свеста за опаѓање на бројот на лавовите во Африка, преку фотографирање на серијал на спектакуларни слики од дивината.

Туск ја определи 2019 година како “Година на Лавот” со цел проблемот на опаѓањето на популацијата на лавовите да биде приоритетен во агендата за презервација. Во поддршка на иницијативата, LAND ROVER испрати прототип на новиот Defender 4×4 во Борана резерватот во Лаикипиа во Северна Кенија, како помош за следење и мониторирање на лавовите. Овој LAND ROVER допрво ќе је има својата светска премиера оваа година.

Новиот 4×4 ја дополнува DEFENDER фамилијата со супериорен опсег на можности како и ново ниво на комфорт и начини на возење за време на тестот во вистинскиот свет извршувајќи серија на активности во Борана резерватот. Поврзаноста на LAND ROVER со Источна Африка датира од 1948 година кога некој од првите модели од пред производната серијата 48 беа тестирани во регионот.

Јероу, возејќи се во новиот, специјално камуфлиран, Defender за таа намена, фотографираше серија на фотографии од крда лавови. Во моментов има помалку од 20.000 лавови во дивината, во споредба со 25.000 носорози (од кои 20.000 бели носорози и 5.000 црни носорози), со тенденција на понатамошно опаѓање на нивниот број.

“Услов за успешна фотографија од дивината е поставеноста – можноста да се позиционираш на најдобрата можна позиција – затоа ви треба возило кое може да пристапи на инаку недостапните места. LAND ROVER DEFENDER е синоним за авантура и презервација од времето на својата премиера во 1948 година, затоа е сосема разбирливо првата официјална задача на новиот Defender да биде алармирање на јавноста за опаѓањето на бројот на лавовите во дивината во Африка“ – изјави Јероу.

Уникатниот програм во Кенија им овозможи на раководителите на проекти од Туск да го испробаат новиот Defender во резерватот, кој се простира на површина од 14.000 хектари, во секојдневните задачи во резерватот вклучувајќи и успивање на лав со воздушна пушка за да се смени посточката огрлица за следење. Лавот беше успиен од блиску, додека се стрелаше од безбедна локација, од новиот прототип на Defender.

Чарлс Мејев МБЕ, извршен директор на Туск изјави: “Оваа година Туск ја одбележува “Годината на Лавот“. Нашата цел е да се зголеми на свеста за алармантното опаѓање на бројот на лавовите во Африка. За среќа, во рамките на Борана резерватот, има голем број на крда на лавови и нивното следење и мониторирање на нивното движење низ непрегледното пространство и тешко пристапни терени е од големо значење за нивната заштита и спречување на несакани конфликти со локалните заедници. Новиот Defender помина тешки терени на својот пат, преминувајќи длабоки реки и качувајќи се по карпести предели. “

Борана резерватот, поддржан од Туск, има многу активности од различни области кои вклучуваат поддршка на заедниците, едукации за природата, заштита на живеалишта, презервирање на загрозени видови и обезбедување на коегзистенција помеѓу луѓето и животните во дивината. Резерватот е дом на некој од најранливите видови животни како слоновите, црните носорози, афричките диви кучиња и зебрите кои го делат резерватот со лавовите и други поголеми предатори.

Оваа иницијатива е поддржана од страна на глобалниот логистички партнер на Jaguar Land Rover и поддржувач на Туск, DHL.

Оваа активност ни овозможи да работиме заедно со нашите партнери, Туск и DHL, со цел да се обелодени фактот дека бројот на лавовите во Африка е во континурано опаѓање. Борана резерватот се состои од повеќе различни околини, што го прави одличен полигон за тестирање на off-road атрибутите на новиот Defender“ – изјави Лаура Вуд, Директор на ПР во Jaguar Land Rover.

За Land Rover

Од 1948 година Land Rover произведува 4×4 возила кои претставуваат вистински дијапазон на можности за сите 4×4 модели. Defender, Discovery, Discovery Sport, Range Rover, Range Rover Sport, Range Rover Velar и Range Rover Evoque секој за себе го дефинира светскиот пазар на СУВ модели со извоз во преку 100 земји од Светот.

За Давид Јероу (DAVID YARROW)

Давид Јероу светски реномираниот уметнички фотограф чии фотографии од овој жанр се најпродавани. Во изминатите неколку години во фокусот на авторот е фотографирање на животни и луѓе преставени на креативен начин со цел фотографиите кај луѓето да поттикнат чувство на хуманост и потреба за презервирање на живиот свет. Во 2018 година износот на средства собрани преку продажба на фотографиите на Давид Јероу на донаторски средби надмина 2 милиони долари.

Фотографиите од фауната на Давид Јероу се највпечатливи со што бројот на колекционери на неговите фотографии е во константен пораст. Фотографиите на Давид Јероу се изложени во неколку врвни галерии за модерна уметност ширум Светот, а во изминатите 2 години, 3 дела на Давид Јероу биле продадени за повеќе од 100.000 долари на аукциите приредени од стана на Sotheby’s во Лондон и Њу Јорк.

За Борана резерватот

Борана резерватот е лоциран во Лаикипија, Кенија. Претставува дом на некој од најпечатливите животни од Афричкиот континент, вклучувајќи го и загрозениот вид – црн носорог. Борана резерватот е посветена на зачувување на природата и животните кои во неа хабитираат. Резерватот нуди можности за туристички посети и други активности за поттикнување на квалитетот на животот на локалното население и подобрување на интегритетот на екосистемот.

За Kenya Wildlife Service

Kenya Wildlife Service е државна установа која се грижи и управува со дивиот свет во Кенија во име на жителите на Кенија и целиот Свет. Kenya Wildlife Service ја заштитува флората и фауната во кенијските национални паркови и резервати. Kenya Wildlife Service го надгледува менаџирањето и активностите во приватните и заедничките области преку партнерства со заедниците.

Се вчитува...