Тотенхем спушти победа на гостувањето против Евертон во 23. коло од Премиерлигата, ремизирајќи (2-2) по гол примен во петтата минута од судиското продолжение.
Тотенхем поведе уште во 4. минута со голот на Ричарлисон.
Но, Евертон успеа да израмни преку Харисон во 30. минута, за да Бразилецот со нов феноменален гол во 41. минута повторно го доведе Тотенхем до водство од 1-2.
И, кога се чинеше дека Тотенхем ќе ја однесе победата, Брентвајт во 95. минута постигна убав гол со глава за израмнување за Евертон и конечни 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА