Реал Мадрид ја продолжува битката за врвот во Евролигата со Олимпијакос откако триумфираше во 29. коло против Милано со 91-87.
„Кралевите“ во текот на целиот натпревар имаа контрола на резултатот иако постојано со минимална предност, за да на крај стигнат до заслужена победа во драматична завршница.
Феноменалниот Џанан Муса со 27 поени, дополнети и со пет скока, го предводеше Реал до победата.
Во останатите два вечерашни натпревари, Макаби Тел Авив победи против Басконија со 93-79, додека Валенсија пред своите навивачи го победи Фенербахче со 82-80.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА