Феноменалниот Дончиќ до нов НБА-рекорд (видео)

Лука Дончиќ продолжува да импресионира со фантастични настапи во својата дебитантска сезона во НБА-лигата, па така младиот Словенец урна уште еден рекорд на синоќешниот дуел со Њу Орлеанс.

Дончиќ реализираше 34 поени, а особено импресивно делуваше неговиот шут од далечина (7/10), со што стана најмладиот кошаркар што успеа да постигне седум тројки на еден НБА-натпревар. На словенечкиот ас тоа му појде од рака на 19 години и 303 дена, уривајќи го претходниот рекорд на Д’Анџело Расел од 20 години и 7 дена.

Погледнете како изгледаше шутерското шоу на Дончиќ во Њу Орлеанс.

Се вчитува...