Феноменалниот Дончиќ ги сруши Авдија и Израел – голем пресврт во Групата Д!

Словенија ја запиша третата едноподруго победа во Групата Д на Евробаскетот 2025, победувајќи го Израел со резултат 106-96.

На овој начин, Словенците се здобија со подобра позиција пред нокаут фазата со скор од три победи и два порази, иако сè уште не знаат против кого ќе играат во осминафиналето. Со овој пораз Израел ќе биде четврти во групата, со потежок пат во елиминациите.

Ова беше судир меѓу две НБА ѕвезди, Лука Дончиќ и Дани Авдија, но суперѕвездата на ЛА Лејкерс покажа поголем квалитет. Дончиќ го заврши натпреварот со 37 поени, 11 скока и девет асистенции, а Препелиќ „му должи вечера“ бидејќи промаши тројка за трипл-дабл.


Авдија мечот го заврши со 34 поени и девет скока.

Се вчитува...