Феноменалниот гол на Црногорецот Радуновиќ го одбележа првиот ден од квалификациите за СП 2022 (ВИДЕО)

Црна Гора ремизираше (2-2) со Турција во 4. коло од Групата Г во квалификациите за СП 2022 благодарение на голот во 97. минута од средбата.

Судиското продолжение беше одлучено да трае шест минути, и токму пред истекот Црна Гора се избори за слободен удар од 18 метри откосо.

Слободниот удар го изведе Ристо Радуновиќ кој на маестрален начин го погоди горниот десен агол од турскиот гол за конечни 2-2 и седми бод на Црна Гора во овие квалификации.

Се вчитува...