Феноменалниот Јакимовски МВП на колото во Еврокупот

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски е избран за најкорисен играч (МВП) на 10. коло во Еврокупот по блескавата индивидуална партија и убедливата гостинска победа на Тренто над француски Бург со 73-91.

Јакимовски одигра еден од најдобрите натпревари во кариерата и со индекс на корисност од 43 поени го постави новиот клупски рекорд – највисок индекс што некогаш го забележал играч на Тренто во еврокупското натпреварување.

Со оваа партија Јакимовски го освои првото индивидуално МВП-признание на колото во кариерата и стана само петтиот играч на Тренто кому тоа му успеало во Еврокупот. Пред него истото го постигнале Доминик Сатон, Дастин Хоуг, Алесандро Џентиле и Луке Меј, чие последно МВП датира од 2021 година.

Се вчитува...