Ламин Јамал e вистински фудбалски феномен, па не е никакво изненадување што шпанското „чудо од дете“ на речиси секој натпревар урива по некој рекорд.
Исклучок не беше ниту последниот дуел со Леванте, на кој Јамал стигна до 100. победа во дресот на Барселона, станувајќи најмлад фудбалер што остварил трицифрен број на триумфи како член на каталонскиот гигант.
Јамал стигна до оваа бројка на само 18 години и 224 години, уривајќи го рекордот на Бојан Кркиќ кој стотата победа ја забележа на возраст од 20 години и 128 дена, додека Лео Меси на 21-годишна возраст се издрадува на сто триумфи како фудбалер на каталонците.
Јамал досега има одиграно 139 средби за Барселона, бележејќи 100 победи, 16 реми и 23 порази. На овие натпревари, Јамал има постигнато 40 гола и 48 асистенции.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

