Феноменалниот Јанг и одличниот Богдановиќ за победа на Атланта, Шеј е подобар од Дејвис и од Леброн (ВИДЕО)

Кошаркарите на Атланта славеа против Сан Антонио со 137-135 за деветта своја победа од стартот на сезоната во НБА лигата.

Атланта до важната победа на гостувањето дојде на крилјата на Треј Јанг кој феноменалната партија ја круниса со 45 поени и 14 асистенции, а во финишот се избори за фаул во напад кој го реши прашањето на победникот.

Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ имаше уште едно добро издание со 14 поени за 30 минути, дополнето и со пет асистенции, два скока и две украдени топки. А, Дежанте Мареј мечот го заврши со 24 поени.


Кај Сан Антонио, Џереми Сохан запиша 33 поени, дополнети и со осум скока и шест асистенции, додека Девин Васел постигна 25 поени. Виктор Вембанјама заврши со „дабл-дабл“ ефект од 21 поен и 12 скока.

Кошаркарите на Оклахома убедливо славеа против ЛА Лејкерс со 133-110 и ја прекинаа низата од два едноподруго порази.

Шеј Гилџес-Александер го предводеше победничкиот тим со 33 поени и седум асистенции, Џејлен Вилијамс дополни со 21 поен, а Чет Холмгрен заврши со 18 постигнати поени.

Кај ЛА Лејкерс најефикасен беше Ентони Дејвис со 31 поен, дополнети и со 14 скока, Леброн Џејмс постигна 21 поен, плус и 12 скока и шест асистенции, а Дианџело Расел имаше 16 поени и 10 асистенции.

Се вчитува...