Феноменалниот Кизиќ се најде во топ 5 на колото во Лигата на Европа (ВИДЕО)

Еурофарм Пелистер ремизираше 27-27 против португалскиот претставник Агуаш Санташ, не стигнувајќи до посакуваната победа со која битолчани ќе си го трасираа патот кон нокаут фазата од Лигата на Европа на ЕХФ.

Голманот Кизиќ беше херојот на битолчани со неколку извонредни интервенции, меѓу нив и онаа последната кога во завршните секунди го запре нападот за победа на гостите од Португалија.

Една од одбраните на одличниот млад голман се најде во изборот на најдобри на рундата.

Се вчитува...