Феноменалниот Левин не го спаси Чикаго, Ембид го „замолкна“ Рајаковиќ, деби за Никола Јовиќ за Мајами во НБА… (ВИДЕО)

Филаделфија славеше против Торонто со 107-114 во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата, предводена од Џоел Ембид кој заврши со 34 поени, а дополнети и со девет скока и осум асистенции.

Во триумфот го следеше и Макси кој исто така заврши со 34 поени, а двоцифрени беа и Кели Убре јуниор со 18 поени и Тобајас Херис со 15 поени.

Кај Торонто, Скоти Барнс постигна 24 поени, со осум скока и пет асистенции, а „дабл-дабл“ ефект имаше Денис Шрудер со 15 поени и 10 асистенции. Српскиот тренер на Торонто, Дарко Рајаковиќ во некои моменти од мечот не можеше да се помири со поразот заработувајќи ја и првата техничка грешка во НБА.

Зек Левин одигра феноменална партија постигнувајќи 51 поен, но не успеа да го спаси Чикаго од пораз од Детроит кој предводен од Канингам со 25 поени и 10 асистенции, дојде до втората победа во новата сезона, овој пат од 118-102.

Кај Чикаго, покрај Левин, двоцифрени беа и Никола Вучевиќ со 12 поени, и четири скока, како и Дерозан со 20 поени и четири асистенции.

Српскиот репрезентативец Никола Јовиќ дебитираше во НБА во дресот на Мајами, во поразот од Минесотаод 106-90. Но, Јовиќ, кој мина 21 минута на паркетот, имаше повеќе од солиден ефект од 8 поени, 11 скока и четири асистенции, со што беше и најдобар скокач во редовите на Мајами.

Минесота до победата ја предводеа Нез Рид со 25 поени и осум скока, а Ентони Едвардс дополни со 19 поени и седум асистенции.

Вашингтон триумфираше над Мемфис со 113-106 за прва победа сезонава предводен од Пол со 27 поени а Кисперт заврши со 22 поени. Кај Мемфис најдобар беше Бејн со 26 поени и пет асистенции.

Јусуф Нуркиќ одигра сосема солиден меч во победата на Феникс над Јута од 126-104. Нуркиќ заврши со 10 поени, седум скока и шест асистенции допринесувајќи за втората победа на Санс. Кевин Дурант беше најефикасен со 26 поени и седум асистенции, додека Ерик Гордон одлично го следеше со 21 поен.

Индијана беше подобра од Кливленд на гости, и покрај тоа што Мобли постигна 33 поени а имаше и 14 скока а Леверт заврши со дури 31 поен, кај Кливленд. Залудно сето тоа кога Индијана беше на крилјата на Нејсмит кој заврши со 26 поени и 10 скока, додека Халибартон постигна 21 поен, 13 асистенции и осум скока.

Во најнеефикасниот меч на вечерта, Њу Орлеанс како гостин славеше во Њујорк со 87-96, предводени од Инграм со 26 поени и седум скока, односно Вилијамсон со 24 поени и пет скока. На спротивната страна најдобри беа Берет со 18 поени и Брансон со 14 поени.

Се вчитува...