Македонскиот кошаркарски интернационалец, Андреј Магдевски го водеше својот Плоешти до победа на гостувањето кај ЧСУ Сибиу во натпревар од 30. коло во романската елитна лига.
Иако по првиот период гостите имаа негатива од четирнаесет поени (27-13), со одлична игра во продолжението успеаја да стигнат до триумф во последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната во Романија.
Македонскиот репрезентативец заврши како најдобар во својот табор со 24 уфрлени поени, надополнети со три скока и две асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА