Феноменалниот Миовски: Со гол и асистенција го спаси Абердин од пораз во Шведска (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски имаше свое супер-деби во европските клупски натпреварувања во кариерата. На најдобар можен начин, со супер гол и извонредна асистенција, Миовски го спаси својот Абердин од пораз на гостувањето против шведски Хакен во плејофот од Лигата на Европа.

Абердин ремизираше (2-2) во првиот натпревар од плејофот на гостувањето против Хакен, и покрај тоа што имаше негатива од 2-0 се до 75. минута. Тогаш на сцена стапи Бојан Миовски.

Најпрво македонскиот напаѓач извонредно погоди за 2-1 во 75. минута, а веќе во 79. минута имаше мајсторска асистенција до Девлин кој израмни на 2-2.

До крајот, во судиското продолжение Абердин постигна уште еден гол, но беше пониште по ВАР-интервенцијата.

Се вчитува...