Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски блескаше на голот на Порто во моментите кога беше најпотребно за триумф на неговиот тим на Фленсбург од 28-27 во 2. коло од Лигата на шампионите.
Фленсбург на почетокот од второто полувреме се стекна со предност од три гола разлика во однос на португалскиот состав. Тоа беше повеќе од доволна причина на голот на Порто да застане македонскиот репрезентативец кој до крајот на мечот нанижа шест одбрани, од кои последната во самиот финиш, најзаслужен за пресврт-триумф на Португалците.
Француски ПСЖ славеше убедлива победа од 41-30 против Динамо Букурешт. По поразот во првото коло од Веспрем, избраниците на Раул Гонзалес сега комплетно доминираа на натпреварот не дозволувајќи ниту минимална можност за надеж на Романците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА