Ти-Џеј Шортс конечно заигра онака како што од него очекуваат тренерот Атаман и навивачите на Панатинаикос, предводејќи го својот тим до голема победа од 77-87 на тешкото гостување против Реал Мадрид. „Кралевите“ предводени од Кампацо немаа одговор за извонредниот македонски репрезентативец, кој на најдобар начин одговори на критиките од тренерот Атаман од минатата седмица.
Шортс беше незапирлив, завршувајќи го мечот со 19 поени и 6 асистенции, новиот центар Фариед имаше 16 поени и 8 скокови, додека ветеранот Слукас го заврши мечот со 14 поени и 7 асистенции. Најефикасни во таборот на Реал Мадрид беа Тавареш со 20 и Фелиз со 16 поени.
Париз по огромна битка триумфираше над Валенсија со 90-86. Хифи долго време се мачеше, но токму извонредниот шутер го реши мечот, со тројка за 87-86, потоа и асистенција до Ерера за конечните 90-86 и огромна на француските фанови во арената во Париз.
Макаби стигна до третата овосезонска победа, во Белград совладувајќи ја Басконија со резултат 89-83.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

