Феноменалните одбрани на Шишковски со кои го остави Борац во трка за титула: „Кој го сака треба да плати 2 милиони евра“ (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман, Дамјан Шишковски е најзаслужениот што Борац Бања Лука останува во трката за шампионската титула во БиХ.

Шишковски беше најдобриот поединец на Борац со феноменалени одбрани во гостинската победа од 0-2 против Сараево со која тимот од Бања Лука се врати во трката за титула.

Како што информираат медиумите од БиХ, по репрезентативниот собир, Шишковски возел повеќе од осум часа за да пристигне на време за натпреварот да му помогне на клубот. Пристигнал на време, и запиша извонредна партија, со неколку беспрекорни интервенции спасувајќи го својот тим.

За неговата феноменална партија доволно зборува и објавата на социјалните мрежи на тренерот на голманите на Борац, Синиша Мркобрада.

„На продажба, цената е фикасна. Два милиони евра“ – напиша Мркобрада, заедно со фотографијата од Шишковски.

По оваа победа Борац сега со 54 бода е на само три бода минус од лидерот Зрињски а третопласираниот Сараево има 46 бода.

Се вчитува...