Феноменално дерби во Шкотска – Ренџерс пропушти предност од 2-0, Миовски остана само на клупата (ВИДЕО)

Неверојатно дерби одиграа Ренџерс и Селтик во шкотската Премиерлига, кое на крај заврши без победник (2-2) и покрај тоа што Ренџерс имаше водство од 2-0 на полувремето.

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски не доби шанса за минути на феноменалната дерби-пресметка, останувајќи само на клупата за резервни играчи кај Ренџерс.

А, благодарение на напаѓачот на „сините“, Јусеф Шермити, Ренџерс имаше водство од 2-0 по првите 45 минути.

Првиот уште во раната фаза од мечот, навистина неверојатен гол со „ножички“ на мајсторски начин.

Но, во второто полувреме, Селтик најпрво намали на 2-1 со голот на Тирни во 57. минута, а потоа вистинска драма се случи во последните минути од регуларниот дел на мечот.

Беше досуден пенал по игра со рака на домашнит дефанзивец, откако реагираше ВАР-технологијата. А, при ударот од белата точка, најпрво двапати одбрани домашниот голман Бартленд, но Хатате сепак на вторпат одбиената топка прецизно реагираше за конечни 2-2.

Се вчитува...