Феноменално полувреме на Хрватска: Франција „демолирана“ (ВИДЕО)

Хрватската репрезентација игра феноменално прво полувреме во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на нациите на УЕФА.

Хрватите по првите 45 минути водат со 2-0 против Франција, во дуел во кој промашија и пенал преку Крамариќ уште во 8. минута.

Но, во 26. минута Будимир погоди за 1-0, на асистенција на Перишиќ, а потоа во 45. минута Перишиќ и самиот стрелаше за 2-0.

Се вчитува...