ФЕНОМЕНАЛНО СЛАВЈЕ СРЕДЕ ЕРЕВАН: Македонија е пред промоција во Б-Лигата на нации на УЕФА!

ЕКИПА во Ереван, Ерменија
Владимир Булатовиќ

МАКЕДОНИЈА Е ВЕЌЕ ПРЕД ПРОМОЦИЈА ВО Б КВАЛИТАТИВНАТА ГРУПА ОД ЛИГАТА НА НАЦИИТЕ! Феноменална победа на македонската селекција среде Ереван над Ерменија од 0-2 во 4. коло од Групата 4 во Ц-Лигата на нациите на УЕФА, со која Македонија е веќе пред освојување на првото место во групата и пласман во погорната квалитативна група на УЕФА.

Максимално возбудливо почна натпреварот на „Вазган Саргсјан“ во Ереван, со прва можност уште во 4. минута и гол за Македонија. По корнер-проигрувањето на левата страна меѓу Барди и Елмас, одлично нафрлање на Елиф на првиот дирек каде Серафимов извонреден во скокот со глава, но голот поништен поради офсајд.

Повеќе од три минути англиските судии вршеа ВАР-проверка и потоа, откако „милиметрите одлучуваа“ со сомнителна конечна одлука пресудија дека голот не е регуларен.

По мирен период на играта потоа, во кој македонската селекција повеќе се закануваше пред голот на домашните, Ерменците првпат со можност во 23.минута кога Бичакчјан во 23. минута од убава позиција шутираше високо над голот на Димитриевски.

Во 30. минута убава можност за македонскиот состав, Елмас во продор го прогрува Алими но за малку домашната одбрана расчистува пред него во шеснаесетникот. За да во брз контранапад на спротивната страна, Ерменците со шанса но Спертсјан шутира непрецизно.

На крајот од првиот дел Ерменија имаше одлична можност и за водство, но Миранјан шутираше покрај голот со глава од непосредна близина, за крај на првиот дел.

Само што почна вториот дел, 100% шанса за Ерменците, одличен продор по левата страна, Миранјан сам пред голот на Столе Димитриевски, но македонскиот голман извонредно брани. Веќе во 49. минута и Зеларајан шутира од 20 метри, но Димитриевски повторно сигурен.

Во 62. минута, извонреден шут од слободен удар на Енис Барди. Повторно мајсторски удар на капитенот од 20 метри откосо, но Чинчаревиќ од под гредата спасува гол. На одбиената топка натрча Дарко Велковски, но шутира покрај голот.

И, конечно одличната игра на Македонија во второто полувреме крунисана со гол во 72. минута. Најпрво соло акција на Елмас, кој бараше пенал во домашниот шеснаесетник, но акцијата продолжи па Исник Алими мајсторски го проигра Бојан Миовски кој со феноменален гол, мајсторија од 15 метри откосо сместувајќи во спротивниот агол за водство од 0-1!

И, максималната доминација крунисана во 85. минута, кога Џани Алиоски одлично асистираше а откритието на Милевски во средниот ред, Исник Алими, по претходната асистенција за Миовски, сега постигна феноменален гол за триумф од 0-2 среде Ереван.

Македонија на тој начин веќе со сигурност е пред освојување на првото место во групата, а само теоретски треба да го осигура во очекување на останатите дуели до крајот од Лигата на нациите.

Ц-ЛИГА НА НАЦИИ – ГРУПА 4 (4. коло)
ЕРМЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 0-2 (0-0)
Републикански стадион „Вазген Саргсјан“ во Ереван. Гледачи: 14.371. Главен судија: Стјуарт Атвел (Англија). Помошници: Барт и Хасон (Англија). Стрелци: Миовски 72′, Алими 85′ (М). Ж. картони: Иву (Е); Манев (М).
ЕРМЕНИЈА: Чанчаревиќ, Хофханисјан, Мурадиан, Харојан, Kаласир (65′ Арутуниан), Тикнизјан, Иву, Спертсјан, Бичакчјан, Заларајан, Миранјан (65′ Ранос)
Селектор: Александар Петраков
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Димоски (54′ Ќамили), Манев (54′ Велковски), Серафимов, Зајков, Алиоски, Алими, Атанасов (54′ Костадинов), Барди (87′ Ашковски), Елмас, Миовски (79′ Ристовски)
Селектор: Благоја Милевски

Се вчитува...