Легендарниот бразилски голгетер Роналдо има зад себе три неуспешни брака, но асот што во фудбалската кариера го носеше прекарот „феномен“ не се откажува од брачниот живот.
Така, 47-годишниот Роналдо минатиот викенд по четврти пат заплови во брачните води, венчајќи се со 14 години помладата манекенка Селина Локс. Тие се во долга врска што трае уште од 2015 година, што дури сега ја крунисаа со брак, со ексклузивна забава што се одржа на Ибица.
Роналдо од претходните три брака и од врските што ги имаше во меѓувреме има четири деца, најстар е синот Роналд кој има 23 години, а по него следат Александер (18), Марија Софија (14) и Марија Алис (13).
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА