Фер-плеј или не: Дончиќ наговараше противник да промаши за Словенија да ја „прескокне“ Хрватска (ВИДЕО)

Словенија не успеа да дојде до првото место во групата од квалификациите за ЛОИ 2024, откако славеше против Нов Зеланд „само“ со 104-78.

На Словенците им беше неопходна победа од 29 поени за да ја прескокнат Хрватска на врвот од табелата во групата, и останаа покуси само за една „тројка“.

Токму еден детал од натпреварот не им се допадна на Хрватите. При резултат 104-78, на 17,8 секунди до крајот, Новозеланѓанецот Шеи Или изведуваше слободни фрлања. Пред второто му се доближи Лука Дончиќ дофрлувајќи му дека треба да го промаши за да тие имаат шанса да дојдат во последниот напад до победа од 29 поени.

И, интересно, Или го промаши слободното фрлање. Но, во последниот напад, токму Дончиќ имаше шут за три поени и не успеа да погоди, па Словенија на крај остана на втората позиција на табелата.

  • Наговарањето на Дончиќ и последниот напад може да ги погледнете ТУКА на временскиот исечок – 3:43…

Се вчитува...