Фер-плеј за историја, Јапонците го добија Сенегал на картони

Јапонија и Сенегал групната фаза на Светското фудбалско првенство во Русија ја завршија со комплетно идентичен биланс. Ист број бодови, еднаква гол разлика, а  меѓусебната пресметка на овие две селекции заврши 2-2, па поради сето ова патникот во нокаут сегментот го реши фер – плејот. Африканската селекција имаше шест, а Јапонците четири жолти картони, па селекцијата од Азија оди во осминафиналето.

Првпат во историјата на мундијалите, една репрезентација минува во нокаут фазата поради фер-плеј правилото. Поради елиминацијата на Сенегал, пак, првпат по 1982 година, меѓу шеснаесетте најдобри нема да има африканска селекција.

Јапонија загуби од Полска во завршното коло од групата Г и како второпласирана во оваа конкуренција заедно со најдобрата, Колумбија, оди меѓу осминафиналистите. Колумбијците за противник ја чекаат селекцијата што ќе го освои првото место во групата Х, а Јапонците ќе се соочат со освојувачот на второто место во оваа конкуренција. Во неа патници во осминафиналето со Белгија и Англија.

Со дуелот од оваа група вечерва ќе биде комплетирана прелиминарната фаза на Мундијалот. Интересно е што и Белгија и Англија во пресрет на меѓусебниот дуел од третото коло имаат буквално идентичен биланс, еднаков број бодови, иста гол разлика, па во случај на нерешен исход, повторно картоните ќе одлучуваат, но во оваа ситуација за освојувачот на првото место на табелата.

 

 

Се вчитува...