Феран Торес: Кратко и јасно, мојата иднина е во Барселона

Дваесетичетиригодишниот Шпанец на Барселона, Феран Торес оваа зима се поврзува со трансфер во повеќе клубови. Од камбек во Премиерлигата каде постои голем интерес од Борнмут па се до ангажман во италијанското првенство и Милан, но самиот фудбалер нема намера да ја промени средината.

Во разговор за шпанските медиуми тој обелодени дека за него нема друг клуб освен Барселона. Тој е подготвен да остане во каталонските редови и да се бори за својата позиција.

„Мојата иднина е во Барселона, немам што друго да кажам. Многу е јасно. Среќен сум тука и со нетрпение го чекам тоа што следи“, изјави Торес.

Се вчитува...