Италијанската екипа Ферари соопшти дека ќе остане во Формула 1 и покрај наводите дека славниот тим може да се повлече од спортот. Шпекулациите почнаа поради ограничувањето на буџетите од 2021 година која би можела да биде многу ниска.
Медиумите ширум светот преноса дека Ферари е подготвен да го напушти најбрзиот циркуз во светот и дека тоа го изјавил директорот на тимот Матијо Биното. Меѓутоа од Ферари ја демантираа оваа изјава велејќи дека Биното не изјавил ништо такво.
„Напротив. Тој изјави дека не сакаме да бидеме во позиција да мораме да разгледуваме различни можности, освен продолжување на учеството во Формула 1, за развивање на нашето тркачко ДНК“, изјави портпаролката на тимот од Маринело.
Новата сезона во Формула 1 требаше да почне на 15. март со трката за ГН на Австралија, но поради пандемијата од коронавирусот засега се одложени 9 трки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА