Сонот на Валентино Роси дека ќе влезе зад воланот на Ферари и како член на овој тим ќе се натпреварува на трката Ле Ман денеска исчезна, откако челниците на италијанскиот возачки тим јасно ставија до знаење дека не сметаат сериозно на трофејниот мотоциклист.
Ле Ман натпреварувањето од 2023 година би требало да биде уште поинтересно бидејќи се одобрени хибридни прототипи на возила, Роси се надеваше дека по неколкуте тестирања тој ќе биде избран, но првиот човек Антонело Колета јасно стави до знаење дека „докторот за мотоциклизам“ нема да биде изборот на Ферари.
„Со сета почит кон она што претставува Валентино, тој е повозрасен од сите наши возачи во Ендуранс. Знам дека се забавува кога ги вози нашите модели, но ние имаме толку многу возачи за тие „Хиперколи“, сигурно ќе избереме еден од помладите и поталентираните“, изјави Колета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА