Ферари го претстави болидот со кој ќе ја нападне титулата во Ф1 (ВИДЕО)

Италијанскиот произведувач на автомобили Ферари го претстави болидот „СФ-23“ со кој Карлос Саинц и Шарл Леклер ќе ја нападнат титулата во новата сезона во Формула 1.

Болидот е комбинација на црвена и црна боја која беше присутна и минатата сезона. Во меѓувреме во екипата се случија промени, односно си замина Матија Биното, а на негово место пристигна Фредерик Васер.

 

 

Се вчитува...