Најуспешните и најмоќните тимови, Ферари и Мерцедес ја одбиле компанијата Нетфликс која подготви документарен филм посветен на случувањата „зад сцената“ во Формула 1 шампионатот. Сите останати осум екипи се согласиле да бидат дел од филмот. Продуцентот ги обвини Ферари и Мерцедес дека покажале непочитување кон навивачите.
„Со одбивањето покажаа доза на непочитување кон фановите и кон целиот спорт. Работата беше се или ништо. Ако условите беа доволно добри за останатите осум тима трбаше да бидат и за Мерцедес и за Ферари“ – вели Пол Мартин.
Од Ферари воопшто не сакаа да одговорат на прозивките од Нетфликс, додека од Мерцедес објаснија дека во носењето на одлуката се воделе само од интересите на натпреварувањето.
Документарниот филм, Нетфликс ќе го објави на 8. март, неколку дена пред стартот на Формула 1 сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА