Ферари му посака добредојде на Луис Хамилтон (ВИДЕО)

Ферари денеска официјално му посака добредојде на седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон во своите редови со објава на социјалните мрежи назначувајќи ја како почеток на една нова ера со надеж за подобро утре.

Задоволство изрази и самиот Хамилтон велејќи дека тоа што ќе вози во црвениот болид ќе биде исполнување на сонот.

„Постојат денови за кои знаете дека ќе ги паметите секогаш. Денес пристигнав во Ферари, ова е еден од тие денови за мене. Имав доволно среќа да постигнам големи нешта за кои не ни сонував дека сум способен, но дел од мене секогаш мечтаеше за овој црвен болид.

Почнуваме нова ера и нова историја на овој легендарен тим, едвај чекам да видам што ќе направиме заедно“, напиша Хамилтон.

 

Се вчитува...