Ферари нема трпение за Хамилтон: Британецот добива отказ, се враќа познато лице

Луис Хамилтон пристигна во редовите на Ферари со големи амбиција да ја освои рекордната осма шампионска титула, но по 14 трки јасно е дека рекордот ќе остане само сон за Британецот.

Ферари не конкурентен како Мекларен, но и самиот 41-годишен возач потфрли со својот перформанс за што и самиот се критикуваше.

Италијанскиот тим е веќе подготвен за промена, а според поранешниот Формула 1 возач, сега коментатор за „Скај Спортс“, Џони Херберт познато е и кој ќе го наследи Британецот.

Тоа ќе биде Карлос Саинц, возачот на чие место пристигна Хамилтон. Шпанецот и самиот вози сезона под можностите па се очекува да го напушти Вилијамс и да се врати во Ферари за кој возеше од 2021 до 2024 година.

Се вчитува...