Италијанскиот автомобилистички гигант Ферари за 11. февруари ја закажа презентацијата на болидот за следната сезона во Формула 1 шампионатот.
Шефот на тимот Матија Биното потврди дека новиот болид на Ферари кој ќе го возат Себастијан Фетел и Шарл Леклер ќе биде презентиран на 11. февруари следната година. Интересно е што италијанскиот тим ќе биде првиот кој ќе го презентира својот нов болид во годината во која сакаат да го преземат приматот од Мерцедес кој последните години доминира во „најбрзиот циркуз“ во светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА