Шпанската банка Сантандер која беше еден од најголемите спонзори на Ферари, ја прекина соработката со италијанскиот Ф1 тим. По повлекувањето од Ф1, оваа банка се враќа во спонзорскиот пул во фудбалската Лига на шампиони со која потпиша тригодишен договор.
Шпанската банка покрај Ф1 тимот на Ферари, спонзорираше и две трки во Ф1 шампионатот. Спонзор на трката за ГН на Велика Британија, Сантандер беше во периодот од 2007 до 2014, а трката за ГН на Шпанија ја спонзорираше од 2011 до 2013.
Банка Сантадер влезе во Ферари во 2010 кога во италијанскиот тим дојде Фернандо Алонсо. Претходно, шпанската банка во 2007 година го спонзорираше Мекларен кога Алонсо беше дел од тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА