Претседателот на Ферари, Серџо Маркионе најави дека тимот планира да ги задржи Себастијан Фетел и Кими Раиконен и за следната сезона во Формула 1. Договорите на двајцата возачи со Ферари им истекуваат на крајот на годинава и се шпекулираше, посебно за Раиконен, дека ќе нема продолжување на соработката.
Но, викендов за време на трката за ГН на Унгарија во Будимпешта, Маркионе изјави дека иам големи шанси Раиконен да остане во Ферари.
„Неколку пати јавно сум го кажал мојот став во однос на Фетел – ако сака да остане, тој е повеќе од добредојден во Ферари. Со Кими сме исто така речиси сигурни. Ние знаеме дека тој сака да остане. Се надевам дека наскоро ќе можеме да објавиме нешто и за двајцата“- изјави Маркионе.
Претседателот на Ферари одговори и на шпекулациите за можноста Луис Хамилтон од Мерцедес да се пресели во Ферари.
„За нас би биоло привилегија возач како Хамилтон да ја заврши кариерата во Ферари, но засега нема такви преговори, посебно со Луис. Нема да зборува за во иднина. Во моментов Ферари има двајца извонредни возачи и не сакаме да бараме други алтернативи“ – вели Маркионе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА