Новиот неуспех на Себастијан Фетел во битката за титулата со Луис Хамилтон придонесе челниците на Ферари да се решат за сериозни промени, па од овој Ф1 тим денеска и официјално си замина првиот човек Маурицио Аривабене. Тој четири години беше на чело на Ферари, но откако во последните две сезони италијанскиот тим за малку остана без титулата, челниците на компанијата решија дека е време за промени на самиот врв.
За нов тимски шеф на Ферари е именуван Матија Биното, кој досега ја извршуваше функцијата технички директор на овој Ф1 тим. Швајцарецот Биното е дел од семејството на Ферари уште од 1995 година, извршувајќи бројни функции пред да дојде на директорската функција пред три години.
Целта пред новиот тимски шеф е јасна – да се стигне до првата титула по пауза од 12 години, кога Кими Раиконен во 2007 година се закити со трофејот како член на Ферари.
Себастијан Фетел останува прв возач на Ферари и за новата сезона, но овојпат тој за тимски колега ќе го нема Раиконен, туку младиот Чарлс Леклер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА