Ферари си најде грешки во болидот, направен редизајн

Ферари беше принуден да направи редизајн на болидот откако на претсезонските тестирања било констатирано дека возилот има недостатоци. Шефот на тимот, Матеа Биното признава дека „биле направени значајни промени во контекст на развојот“ кога им станало јасно зошто болидот е надвор од ритам.

Резултатот на овие промени е новиот болид кој пилотите на Ферари, Себастијан Фетел и Шарл Леклер ќе го користат во претстојната сезона која почнува викендов. Но, тоа нема да се случи на воведните трки закажани за во Австрија тутку на трката во Унгарија која е викендот 17-19 јули.

Според ова, Ферари нема да биде во игра за победа на воведните две трки од сезоната. Главните конкуренти, Мерцедес и Ред Бул кои и минатата година имаа подобри перформанси имаат надградби на болидите со кои во новата сезона ќе бидат и побрзи од лани.

 

 

Се вчитува...