Ферари вложил официјална жалба на казната од пет секунди за Себастијан Фетел поради која Германецот ја загуби победата на Формула 1 трката за големата награда на Канада. Иако беше најбрз, мораше првото место да му го препушти на големито ривал, Луис Хамилтон поради кого и беше санкциониран. Фетел всушност во обид да се врати на патеката по грешка го истурка Хамилтон.
Проценката на стјуардите беше дека тој се вратил во трката на небезбеден начин и поради тоа беше казнет. Од Ферари не даваат дополнителни детали за содржината на жалбата. Себастија Фетел беше бесен по трката и постојано повторуваше „А каде требаше да одам“. Дека немал каде на друго место да се врати тврдат и од Ферари. Од Мерцедес пак велат дека практиката е кога некој излетува да се врати безбедно дури и на полоша позиција, но да не ги загрозува другите возачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА