„Ферари тоне, а изговорите што ги слушаме се смешни…“

Предолго е исчекувањето на фановите на Ферари, ако се знае дека италијанскиот тим е без титула за конструктори уште од 2008 година, додека последната титула во генералниот пласман за возачи во Ф1 ја има во 2007 година.

Се очекуваше со ангажманот на Луис Хамилтон ситуацијата да се промени, но не само што тоа не се случи – туку Ферари ја имаше и својата најслаба сезона во последните години. За првпат по четири години возачите на Ферари не забележаа ниту една победа во Ф-1 шампионатот, а  Ферари не се најде меѓу најдобрите три тима во конкуренција на конструктори, за првпат по 22020 година.

Поранешниот возач на италијанскиот тим, Жан Алези, жестоко ги нападна случувањата во овој поранешен гигант.

„Очекувањата беа далеку поголеми, особено со доаѓањето на Хамилтон и стабилноста на Леклер. Сепак, сведоци бевме на сосема поинаква слика од онаа што ја очекувавме. Гледавме како Ферари тоне, за момент помислив дека критиките од претседателот кон возачите ќе ги разбуди сите во тимот, за Хамилтон и Леклер да добијат болид способен за борба за врвот кон крајот на сезоната. А тогаш дојде викендот во Катар, најлошиот што фановите на Ферари воопшто го паметат. Цела сезона беше разочарувачка за сите нас, очигледно е дека Ферари тоне, а изговорите што во меѓувреме ги слушаме од одговорните лица се смешни“, напиша Алези во својата колумна за „Кориере дела сера“.

Се вчитува...