Ферари втора година по ред победува на легендарната трка

Фабричката екипа на Ферари има причина за задоволство откако италијанскиот тим втора година по ред успева да стигне до првото место на легендата трка „24 Часа Ле Ман“.

Ферари цели 58 години не знаеше за триумф на ова престижно натпреварување се до ланската победа, за годинава да стигн до нов триумф. Најзаслужен за победата беше Данецот Никлас Нилсен, а заедно со него во победничката екипа што извозе вкупно 311 круга за 24 часа се најдоа и Италијанецот Антонио Фуоко и Шпанецот Мигел Молина.

Второто место го освои екипата на Тојота со 14,2 секунди послабо време од победникот, додека третата позиција припадна на вториот тим на Ферари, истиот оној кој лани стигна до титулата во состав Алесандро Пјер Гуиди и Антонио Џовинаци од Италија и Џејмс Каладо од Велика Британија.

Се вчитува...