Фердинанд со совет до Лингард: Не се враќај во Јунајтед

Вечниот талент на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард по преселбата од „Олд Трафорд“ во редовите на Вест Хем, блесна во дресот на „чекичарите“ со два гола на дебито, потоа изнуди и пенал на средбата против Шефилд Јунајтед, а во претходното коло стрелаше и против екипата на Тотенхем.

За блескавата форма на Англичанецот говореше и легендата на „црвените ѓаволи“, Рио Фердинанрд на своето шоу „Фајв“.

„Успешен крај на сезоната би значел и бројни понуди за Лингард. Во овој момент верувам дека бројни клубови ќе пратат понуда за Џеси и он ќе има голем избор за каде да продолжи, не само Вест Хем. И претходно говорев за тоа дека Џеси треба да го затвори поглавието во Манчестер Јунајтед бидејќи не беше дел од екипата со години. Погледнете ја насмевката на неговото лице сега, начинот на кој игра, самодовербата која ја има. Неколку мои колеги велеа дека нема квалитет да игра во Манчестер Јунајтед, но јас отсекогаш тврдев дека Лингард е играч од врвен квалитет“ – истакна Фердинанд.

И покрај тоа што Фердинанрд верува дека Лингард поседува квалитет за играње во Манчестер Јунајтед, Англичанецот треба да размисли за промена на средината на крајот на сезоната.

„Го има сјајот во очите кој го немам видено две години. Како може да посака да се врати во Манчестер Јунајтед откако го искуси ова. Веднаш се вклопи во Вест Хем и не можам да замислам да се врати само за да игра како резерва. Да сум јас, би го напуштил клубот“ – додаде легендата на Јунајтед.

Се вчитува...