Тотенхем синоќа загуби во инфаркт-натпревар од Евертон по продолженија со 5-4 во 5. коло од ФА купот.
Тимот на Мурињо одигра неверојатен напаѓачки фудбал, но грешките во одбраната скапо ги чинеа. Победничкиот гол на Евертон, Бернард го постигна додека двајца дефанзивци на Тотенхем само гледаа од страна.
„Навистина ми е жал за Жозе Мурињо, затоа што се гледа дека на последните натпревари го менува пристапот. Тотенхем игра поотворено и со повеќе напад, но секогаш губат поради индивидуални грешки“ – вели Рио Фердинанд во анализа за мечот, и продолжува:
„Можеш ти како тренер да се подготвуваш колку сакаш за натпревар. Се е залудно кога ќе те убијат грешки на сопствените играчи. Имам впечаток како да му го минираат целиот план кој го подготвува за натпревар. Секако и квалитетот е во прашање, затоа што многу играчи повторно едни исти грешки“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

